На 28-ми јули 2025 година, во 13:15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која се повредени три лица.
– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 32-годишниот Г.К. од селото Лескоец, охридско и патничко возило марка „Шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот З.Д., исто така од селото Лескоец.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило „Пежо“, 62-годишната Л.П. и 30-годишниот К.П.,
двајцата од Лескоец, додека со телесни повреди двајцата возачи, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.
По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.
