Страотни сцени: Се појавија први снимки од разорниот земјотрес во Русија

Силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија, предизвикувајќи цунами високо до четири метри, оштетувајќи згради и активирајќи тревоги и евакуации низ Тихиот Океан.

Неколку лица се повредени во тој оддалечен руски регион, а на населението на поголемиот дел од источниот брег на Јапонија,

кој е тешко оштетен од катастрофалниот земјотрес и цунамито од 2011 година, му е наредено да се евакуира. „Денешниот земјотрес беше сериозен и најсилен во последните десет години“, изјави гувернерот на Камчатка на Телеграм.

Регионалниот министер за вонредни ситуации Сергеј Лебедев објави дека по земјотресот е регистрирано цунами од 3 до 4 метри. „Сите мора да се оддалечат од брегот“, рече Лебедев во видео на социјалните мрежи.

Американскиот сеизмолошки институт објави дека земјотресот бил на длабочина од 19,3 км, околу 125 км од Петропавловск, град со 165.000 жители на брегот на заливот Авача.

Неколку лица побарале медицинска помош по земјотресот во Камчатка, објави Олег Мелников, регионалниот министер за здравство, според руската државна новинска агенција ТАСС.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде