Добитник на преку 100 награди и признанија на меѓународни конкурси и фестивали: Почина Јордан Поп-Илиев

На 85 години почина карикатуристот Јордан Поп-Илиев.

Toj e добитник на преку 100 награди и признанија на меѓународни конкурси и фестивали за карикатура, како и на десетина признанија од домашните простор.

Роден e во Неготино. Завршил Философски факултет – група Педагогија со Историја на уметност. Карикатурата му е преокупација уште од најрано детство.

Активно почнува да црта карикатури од 1968-69 год. Објавувал карикатури во сите хумористични листови и во повеќе дневни листови низ екс-Југославија.

Во 1977 год. ја издава првата книга со карикатури под наслов „Рогови“.

Поп Илиев е еден од основачите на Здружението на карикатуристите на СРМакедонија во 1980 год. и на ФЕКО-Здружение на карикатуристите во светот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде