Дожд утрово во Македонија – ќе има и невреме: Објавена најновата временска прогноза

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во петок и сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура.

Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и на почетокот на следната седмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде