Оваа банка ги исплати пензиите порано – парите веќе се достапни на сметките

Убави вести за пензионерите кои се клиенти на Халкбанк – месечните пензии за јули веќе се исплатени и достапни уште од денес, 30 јули 2025 година.

Од банката информираат дека сите пензионери ги имаат своите средства на располагање преку сите банкомати на Халкбанк, во филијалите, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Дополнително, оние кои дале согласност, може да ги подигнат пензиите и преку единиците на Пошта на Северна Македонија.

Со оваа навремена исплата, Халкбанк уште еднаш покажува дека грижата за клиентите – особено за постарите сограѓани – останува приоритет.

Од таму порачуваат: „Важни се луѓето!“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде