Трагедија го потресе регионот: 33 годишна докторка утрово загина откако карпа падна врз автомобил

Девојката Аида Софтиќ, која утрово загина на патот кон Фоча (БиХ), била 33-годишна докторка и вработена во Службата за итна медицинска помош на Сараевскиот кантон.

Таа била во автомобилот со нејзиниот татко, кој исто така бил повреден, но неговиот живот е надвор од опасност.

Трагедијата се случила во Сијерачко стијене (Миљевина) кога карпа паднала врз возило Опел.

Возачите што минуваат низ овој дел од патот се жалат дека има одрони од камења на неколку локации и дека често може да се видат камења на патот.

На местото на несреќата пристигнале полицајци и дежурниот обвинител од Требиње.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде