Училиштето СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар се прости од својата ученичка Теодора Бабарчиќ, која трагично се удави во реката Вардар.
Шеснаесетгодишната Теодора исчезна на 23 јули, а нејзиното безживотно тело беше пронајдено по шест дена интензивна потрага.
Тимовите за спасување и бројни волонтери денови наназад ја пребаруваа реката, надевајќи се на чудо што за жал не се случи. По оваа трагедија, училиштето ѝ оддаде последна почит преку емотивен пост на Фејсбук:
Нашето училиште СОУ ,,Крсте Петков Мисирков” Демир Хисар со неизмерна тага за прерано згаснатиот живот на нашата ученичка ТЕОДОРА БАБАРЧИЌ, изразува искрено и длабоко сочувство до семејството.
Нејзината мила и невина детска душа никогаш нема да биде заборавена. Почивај во мир, ангелу
