УХМР утрово со најнова вест: Еве какво време не очекува во следните денови

Времето денес ќе биде потопло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени,  јавува УХМР.

Во деновите од викендот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а од вторник се очекува стабилизирање на времето. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде