УЖАС: 45-годишен маж претепал 9-годишно дете, со повреди на главата и телото итно пренесено во болница

45-годишен маж од Виница нападнал малолетник од соседството. 

Вчера во 19:51 часот во ОВР Виница, од Итна медицинска помош Виница е пријавено дека од страна на родителите кај нив бил

донесен деветгодишен малолетник со повреди на главата и телото, а, според пријавеното, бил нападнат од страна на нивниот сосед С. Т. (45).

Од страна на полициски службеници од НККР при ОВР Виница, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде