Две тешки сообраќајки се случија вечерва во Охрид и Струга, објави OhridPress.
Според првичните неофицијални информации до кои дојде Охрид прес, првата се случила во близина на Струга, на кривината кај отпадот за стари возила на стариот патен правец Охрид-Струга, кај вливот на реката Сатеска во Охридското Езеро.
Во оваа незгода најверојатно има и повредени лица.
Во друг случај, сообраќајна незгода се случила на самиот влез во Охрид, кај клучката „петља“.
Во оваа незгода учествувале две возила, едно со регистерски ознаки од Охрид, друго со холандски.
Повеќе информации во текот на утрешниот ден.
Извор: Ohridpress.com.mk
