Љупчо Николовски скршен од болка: Неверување, тага и шок донесе вчерашниот ден

Откако во јавноста осамна веста дека загинал бизнисменот Душко Чифлиганец, пријателите се простуваат од него на социјалните мрежи

Бизнисменот Душко Чифлиганец (32), почина во Чешка, откако во саботата (02.08) доживеал несреќа на мото-трка во Брно, Чешка.

Душко, наводно, се здобил со тешки повреди на главата, а лекарите иако се бореле, не успеале да му го спасат животот.

Од познатиот бизнисмен се простуваат пријателите и јавните личности.

„Неверување, тага и шок донесе вчерашниот ден.

Душко беше пример на успешен млад човек со голема визија.

Искрено сочуство до моите пријатели, семејството Чифлиганец, и сите блиски за огромната загуба.

Нека ти биде светол патот пријателе“, напиша Љупчо Николовски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде