Млад возач прегази 30-годишна жена

Млад возач со „мерцедес“ прегази млада жена-пешак. 

Како што информираа од полицијата вчера во 21:20 часот на регионалниот пат Кичево- Македонски Брод, кај влез за село Лисичани, општина Пласница,

патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(23) од с.Челопеци, кичевско, удрило во 30-годишната А.В. од с.Лисичани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.В., констатирани во Медицински центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде