Силен земјотрес од 6,5 степени регистриран кај Северните Курилски Острови
Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на Тихиот Океан во близина на Северните Курилски Острови,
соопшти сахалинската филијала на Единствената геофизичка служба при Руската академија на науките, пренесе агенцијата Интерфакс.
Според официјалните информации, потресот бил регистриран во понеделник во 15:20 часот по локално (сахалинско) време, со епицентар на 232 километри југоисточно од градот Северо-Курилск, на длабочина од 62 километри под морското дно.
Надлежните служби соопштија дека по земјотресот не е издадено предупредување за можна појава на цунами.
