Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) претходната недела се намалија за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намали за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,746 ден/кг и сега изнесува 39,412 ден/кг. 

Моменталните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)  

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар) 

Мазут М-1 НС 39,412 (денари/килограм)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде