Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град, соопшти УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
УХМР објави дека доцна синоќа имало нестабилно време во Свети Николе, Пробиштип и Куманово.
„Нестабилност во подрачјата на Свети Николе, Пробиштип и Куманово проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.“
