Важна информација за сите кои патуваат: Поради поплава овој патен правец е затворен за сообраќај

Важна информација за сите кои патуваат: Поради поплава овој патен правец е затворен за сообраќај

Сообраќајот на патниот правец Р1304 Кочани – Виница – село Смојмирово е во прекин од вечерва, 4 август, од 20:40 часот, соопшти АМСМ.

Причината за прекинот е голема количина вода што се насобрала на коловозната лента,

како и затворени испусни канали во близина на објектите на фирмите „Леда вин“ и „Ирибов“.

Сообраќајот е пренасочен преку алтернативната рута низ селата Зрновци, Јакимово и Истибања.

Возачите се повикуваат на претпазливост и почитување на поставената сигнализација.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде