Вечерва голема полициска акција – првични информации

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК по претходна пријава, лиши од слобода едно лице за сторено кривично дело изнуда и во моментов се вршат претреси на повеќе локации во скопско Арачиново, потврдија од МВР.

Лице e фатено на дело при примопредавање на 165.000 евра, пари кои биле резултат на долгогодишна изнуда.

Акцијата е спроведена со судски налог, по насока на обвинителството и криминалистичка обработка.

Неофицијално се работи за лица од Арачиново од познатата фамилија Маслани кои беа и поврзувани и со криминалните банди Барон и Беланоца. Полициското присуство во Куманово и Арачиново е видливо, а ова не е само изолиран случај. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде