ВНИМАТЕЛНО: Голем одрон вечерва на овој патен правец

Делчево 365 информира за голем одрон кај Калиманци.

ИНФО за возачите: Поголеми одрони регистрирани на патот Кочани – М.Каменица, кај Истибања и Калиманци, како и поситни одрони на одредени делници на подрачјето на М.Каменица.

Фотографиите ни ги прсти наша читателка која со фотографиите сакаше да информира за состојбата на терен, објави Делчево 365.

Возачите се повикуваат на крајна претпазливост и намалена брзина на оваа делница. Засега нема информации за повредени лица или оштетени возила

Надлежните служби се на терен за расчистување.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде