Камион удри во автомобили, загинаа три лица од возило на брза помош и над 15 повредени: Трагедија во Италија

Тешка сообраќајна несреќа се случи на автопатот А1 во делницата Валдарно помеѓу Арецо и Фиренца.

Камион се удри во колона возила, при што загинаа три лица во амбулантно возило.

Уште едно лице е тешко повредено, а 15 други се здобиле со полесни повреди, објавува „Кориере дела Сера“.

Според сведоците, камионот удрил во возила запрени во сообраќајна лента со голема брзина.

Откако се судрил со друг камион и автомобил со приколка, возилото удрило и во туристички автобус и преминал во спротивната лента, каде што згазило амбулантно возило во кое се превезувал 75-годишен пациент.

Во несреќата загинаа двајца здравствени работници и еден пациент во амбулантното возило. Жртвите беа 56-годишниот Џани Траполини, долгогодишен вработен и поранешен волонтер во здружението „Мизерикордија“, 23-годишната студентка и волонтерка Џулија Сантони од Терануово Брачолини и 75-годишниот пациент Франко Ловари. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде