Денеска времето ќе биде променливо облачно и нестабилно време, со локални врнежи од дожд и грмотевици.
На одредени места, овие процеси ќе бидат поизразени, претворајќи се во невреме проследено со обилен дожд, силни грмежи, засилен ветер и повремена појава на град.
Минималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени Целзиусови, додека максималната ќе достигне од 24 до 29 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, а во некои делови од котлината ќе биде нестабилно со дожд, грмотевици, силен ветер и можност за изолиран град.
Минималната температура ќе се спушти до 16 степени, а максималната ќе достигне до 27 степени Целзиусови.
УХМР објави дека моментално нестабилност има во Свети Николско и Неготинско.
Поголема нестабилност во Свети Николско и Неготинско со поројни врнежи и грмежи и засилен ветер
