Се случи она од што најмногу се стравуваше: Потрагата заврши трагично – пронајдено мртво тело на млад маж

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во куќа во која беше пронајдено безживотно тело на 42 годишен маж, информираат во јавното обвинителство.

„Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело.

Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам“, се наведува во соопштението.

Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител издал наредба за обдукција на починатиот.

„Од лице место подигнати се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење.

Се издаваат наредби и насоки за откривање на сторител“, се додава во соопштението.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде