Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Од УХМР само што објавија дека невреме има во југоисточниот дел од Македонија.
„Југоисточниот дел од земјата зафатен со нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи и се движи од југ кон север“, објавија од УХМР.
