Важна информација за сите кои патуваат: Овој граничен премин ќе биде затворен шест часа

Регионалниот центар за гранични работи „Исток” ја информира јавноста дека утре (06.08.) ГП и ГН „Делчево”,

односно од бугарска страна ГКПП „Станке Лисичково” целосно ќе бидат затворени за секаков сообраќај во периодот од 08:00 до 14:00 часот.

-Причина за тоа, според официјалното известување добиено од бугарските гранични полициски служби, се градежните работи на патната делница кај  ГКПП „Станке Лисичково”.

По завршувањето на работите сообраќајот и функционирањето на граничните премини ќе продолжи непречено да се одвива, информираат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде