Голем пожар вечерва беснее во фабриката од прехранбената индустрија „Мирана“ во Велес, а огнот и чадот се видливи оддалеку, објави Инфомакс.
Интервенираат велешките пожарникари, а според информациите, напомош им пристигнуваат и колеги од соседните општини.
Тие се борат не само со огнот, туку и со ветерот, кој им ја отежнува работата.
Ситуацијата дополнително ја отежнува ветрот кој го разгорува огнот, а граѓани од околните населби се жалат на густ чад и неподнослива миризба.
Засега нема информации за евентуални повредени во големиот пожар. Непријатна миризба на чад се чувствува во целиот град.
