Министерот за јавни инвестиции на Србија, Дарко Глишиќ доживеал тежок мозочен удар додека гостувал во утринската програма на телевизијата Пинк и се наоѓа во тешка здравствена состојба.
Дарко Глишиќ веднаш бил хоспитализиран, а во болницата пристигнал и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Глишиќ ја извршува функцијата министер од мај 2024 година.
Тој е член на Српската напредна партија од нејзиното формирање и од 2016 година е претседател на нејзиниот Извршен одбор.
На видеото се гледа како тој почнува нејасно да зборува неможејќи да состави реченица.
Моментот кога Глишиќ доживеа мозочен удар
