Изгубил контрола и излетал од патот – младо момче итно пренесено во болница
Во вечерните часови на 5 август, мотоциклист од селото Сулдурци изгубил контрола и излетал од коловозот кај т.н. „Воиславска кривина“ на патот Радовиш–Воиславци.
Моторот „Хамачи“ бил нерегистриран, а возачот (34) бил итно пренесен во болница со тешки телесни повреди.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата.
