Пукање во Скопје, рането 25-годишно момче

Во пукање на кое му претходела банална расправија во сообраќајот и групна тепачка, сосед вчера по полноќ ранил 25-годишен скопјанец, соопшти МВР.

На 06.08.2025 околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен О.Е.(25) од Скопје.

Според пријавеното, околу 00:30 часот пред дворот од негова куќа на подрачје на Бит-пазар, поради недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу него и соседот Ќ.Ч., по што соседот физички го нападнал. Како што е пријавено, потоа Ќ.Ч., заедно со М.Ч., Ш.Ч., О.Ч. и Б.М., влегле во дворот на О.Е. и физички ги нападнале и неговиот татко и брат Д.Е. и М.Е., при што Ќ.Ч. извадил пиштол, пукал и го погодил О.Е. во градниот кош и раката.

Увид извршила екипа на СВР Скопје и на местото биле пронајдени три чаури. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде