Инфомакс пренесува за нова тешка сообраќајна несреќа на клучката Дреново – Фариш на истото место каде што вчера се случи сообраќајна незгода.
Неофицијално според информации на Инфомакс во несреќата има две жртви, брачен пар.
Ова не се први жртви на истиот пат, затоа што за жал имаше незгода со смртни последици уште првиот ден по отворањето на оваа делница.
Повеќе детали се очекува од МВР.
