Денеска е Света Ана, направете ги овие работи за среќа

Иако нејзиниот главен празник е на 9 септември, православната црква денеска на 7 август го празнува успението на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија.

На овој ден, верниците одат во манастирскиот комплекс посветен на Света Ана во село Маловишта кај Битола, кое е единствено во рамките на Националниот Парк Пелистер.

Се верува дека овој манастир има чудотворна моќ за двојките кои не можат да имаат деца. Некои и сега го практикуваат обичајот вечерта помеѓу 6 и 7 август да преспијат во манастирот за да добијат пород.

Во близина на манастирот има и лековита вода што извира од коренот на една бука. За среќа и здравје се мие со водата и се кажува молитва:

Света мајко, која си од Бог одбрана, да станеш мајка на онаа, која ни го роди божествениот Спасител, тебе плачејќи ти се обраќам за твоја моќна помош.

Измоли се за мене кај твојот и мојот Бог за мислост, денес и сите наредни денови од својот живот да бидам чесна, честита, чиста и трезна, вредна, милосрдна и праведна побожна жена.

Таква да останам и секогаш да настојувам да му бидам на својот сопруг верна другарка, на децата да им бидам грижлива мајка и сите мои обврски со Божја помош да ги извршувам и да не згрешам од поголемо или случајно невнимание

Нека стојат далеку од мене секаква непромисленост, љубомора, пркос, неверство, мрзливост и немарност во должностите. Секогаш пред очи ќе ги имам, моја света заштитничке, твојот примерен живот, па ќе се трудам сè повеќе и мојот живот да биде сличен на твојот. Како што ти на твојот Јоаким, така и јас на мојот маж ќе му правам само добро, а никогаш зло.

Исто како тебе и јас ќе се грижам за мојата куќа и децата. Тие во мене ќе гледаат пример за побожен живот. Измоли ми предрага моја мајко Ана, Божја милост за сите мои одлуки, бидејќи само со моќта Божја ќе можам да го извршам она што по твојот свет пример сум го одлучила. Амин.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде