ТРАГИЧНА ВЕСТ ГО ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Две лица се убиени, а едно е рането во пукотница

Две лица се убиени, а едно е рането во пукотница што се случи вечерва околу 19 часот во Босански Шамац, а полицијата трага по сторителот на ова кривично дело.

Ова го потврди и Полициската управа на Бијелина.

– Полициски службеници од Полициската управа на Бијелина интензивно бараат лице кое денес околу 19:10 часот на подрачјето на општина Шамац уби две и рани едно лице со истрели од огнено оружје – соопшти вечерва Полициската управа на Бијелина.

Во подрачјето на Шамац е испратена и жандармерска единица, се со цел да се пронајде лицето чиј идентитет е познат.

– Повреденото лице е пренесено во здравствена установа во Добој за медицинска помош – се вели во соопштението.

За сè е информиран дежурниот обвинител во Окружното јавно обвинителство на Добој, под чиј надзор полициските службеници преземаат сите мерки и дејствија во нивна надлежност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде