Тажна вест ја разбуди Македонија: Почина познатата новинарка

Тажна вест ја разбуди Македонија: Почина познатата новинарка

По кусо и тешко боледување, на 60 години, почина Јулијана Тануровска, долгогодишен новинар и уредник на Сателитската програма на Македонската радио-телевизија.

Јулијана остави неизбришлива трага во македонското новинарство, особено како експерт за црковно-религиозни прашања.

Колегите и соработниците ја паметат по нејзината професионалност, посветеност и човечност, кои беа основа на нејзината долга и успешна кариера.

Погребот ќе се одржи в недела на Градските гробишта во Бутел.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде