Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денска во Тетово, информира ТВ21
Неофицијално, убиството е извршено со автоматска пушка.
Засега не се открива идентитетот на убиениот, ниту мотивите за нападот.
Сè уште нема официјални детали за инцидентот, а од СВР Тетово не излегоа со соопштение што ја потврдува причината и околностите кои довеле до нападот.
Полицијата ја продолжува истрагата, а се очекува јавноста наскоро повеќе да биде информирана за овој настан.
Извор: ТВ21
Фото: Принтскрин/ТВ21
