Возило излета од патот – има повредени

Возач е тешко повреден откако излетал со возилото, па удрил во сообраќаен знак. 

– На 10.08.2025 во 17:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје- Велес, после клучка Хиподром,

67-годишниот Б.Г. управувајќи патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во сообраќаен знак.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Г., констатирани во приватна болница во Скопје, информираа од полицијата. 

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде