Огнена стихија го блокира патот од Брезница кон Македонски Брод
Поради пожар, целосно е затворен за сообраќај патниот правец од селото Брезница, преку Националниот парк „Јасен“, до Македонски Брод, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Возачите се упатуваат да користат алтернативни патишта и да ги следат насоките на надлежните служби.
Во меѓувреме, Центарот за управување со кризи информира дека пожарот во Општина Теарце е целосно изгаснат во доцните вечерни часови.
Локализиран е и пожарот над селото Челопеци во Општина Кичево, каде што во моментот има внатрешно согорување и чадење кон шумскиот појас.
Екипи на ТППЕ Тетово и припадници на Армијата на РСМ остануваат на терен за да спречат евентуално реактивирање.
