УХМР утрово со најнова вест: Еве какво време не очекува денеска и во периодот што следува

Сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на оваа седмица ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоистоичен правец.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде