Земјотрес со јачина од 5,2 степени – еве каде е епицентарот

Регистриран нов силен земјотрес.

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денес Тихиот Океан во близина на Камчатка, соопшти Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките.

Земјотресот се случил во 13:42 часот по локално време со епицентар на 126 км југоисточно од градот Петропавловск-Камчатски и длабочина од 68,4 км, објави Интерфакс.

Досега не е издадено предупредување за цунами, соопшти агенцијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде