Тешка сообраќајна несреќа – има повредени

Вчеравечер, на локалниот пат од Охрид кон селото Велестово, се судриле мотори возени од млади луѓе од Охрид и струшко Мислешево, при што е тешко повредена сопатничка на едниот од нив, соопшти МВР.

„На 12.08.2025 во 19:55 часот во СВР Охрид било пријавено дека на локален пат во с.Велестово, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со струшки регистарски ознаки,

управувано од И.Ш.(20) од с.Мислешево, струшко и мотоцикл „јамаха“ со охридски регистарски ознаки, управуван од М.Г.(28) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од мотоциклот В.Г.(31) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид извршила екипа од СВР Охрид“, велат од полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде