Голем пожар избувна кај селото Октиси, на локацијата Октишка Краста, се шири на непристапен терен и претставува закана за имотот на населението.
Пожарникарите од Струга и мештани се на терен, но поради тежок релјеф е побарана итна воздушна интервенција.
Во близина на село Октиси, на место викано Октишка Краста, е избувнат пожар од поголеми размери кој претставува потенцијална закана за имотот на населението.
На терен се присутни екипите на ТППЕ Струга и дел од месното население, но според проценката на командирот на ТППЕ Струга, пожарот се простира на специфичен и непристапен релјеф, што го оневозможува гаснењето од копно.
Поради тоа, итно е потребно ангажирање на воздухоплови.
По барање на градоначалникот на Струга е испратено официјално барање за ангажирање на воздухоплов, а по насока и барање на Центарот за управување со кризи се вршат подготовки за испраќање на воздухоплов за гаснење на пожарот, информира ЦУК.
