Важна информација за сите кои патуваат: Овој патен правец е затворен за сообраќај

Регионалниот пат Тетово–Јажинце е целосно блокиран во двата правци поради пожар кој зафатил дел од трасата, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Сообраќајот е во прекин на делницата од селото Старо Село кон Јажинце, каде на терен се распоредени работни машини и багери кои вршат ископ за да спречат проширување на огнот.

Од МВР апелираат граѓаните да го избегнуваат овој правец сè додека не се стави под контрола пожарот и не се нормализира состојбата.

За повторното воспоставување на сообраќајот јавноста ќе биде дополнително информирана.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде