Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која е поврзана со фронтален систем од север, утре попладне (недела 17 август), потоа во понеделник (18 август) на многу места во Република Македонија ќе
биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со силен ветер и со појава на град.
И во Скопје и околината утре (недела 17 август) во попладневните часови, а особено во понеделник (18 август) ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме со силен ветер и со појава на град.
Попоски, апелира во случај на појава на невреме и на електрични празнења граѓаните да обратат поголема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно истите да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени.
Утре (недела 17 август) температурата ќе се искачува во интервалот од 28 до 35 степени, а во понеделник (18 август) таа ќе биде малку пониска и ќе се искачува во интервалот од 25 до 33 степени, информираше Славчо Попоски од метеоаларм.
