Важна информација за сите кои ќе патуваат за Грција – овој патен правец е затворен за сообраќај

Вечерва од 22:15 часот до 5:00 часот наутро, обиколницата на Солун кон Халкидики ќе биде целосно затворена, а целиот сообраќај ќе се пренасочува низ центарот на градот.

Причината е изведба на привремени мерки за регулирање на патната инфраструктура, што ќе предизвика дополнителни метежи во сообраќајот.

Сообраќајната полиција соопшти дека освен овие затворања, во вторник и среда (19 и 20 август) ќе се вршат и работи за одржување на осветлувањето на западниот дел од обиколницата, во период од 7:00 до 16:00 часот.

Во тие часови ќе има делумни затворања на десната лента во двата правци, со наизменично пропуштање на возилата.

Надлежните препорачуваат возачите да планираат навремено и да користат алтернативни правци, бидејќи метежот низ центарот на Солун ќе биде неизбежен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде