Страшни сцени од Грција: Три лица загинаа откако возилата се запалиле по сударот

Страшна сообраќајна несреќа во североисточниот дел на Грција, одзеде три животи, откако се запалиле по судар кој се случил меѓу градовите Ксанти и Комотини.

Според грчките медиуми, се судриле два автомобила и еден камион, по што возилата се запалиле.

Тројца од четворица патници во автомобил загинаа во пожарот , додека возачот на истото возило беше тешко повреден. 

Возачот на камионот, исто така, е тешко повреден, додека уште четири лица вклучени во несреќата се однесени во болница со полесни повреди. 

Пожарот се проширил и на подрачјето околу автопатот, на земјоделско земјиште. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде