Тешко повреден маж од радовишко при судир на две товарни возила во радовишко.
Вчера во 14:00 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека на регионален пат во правец од планината Плачковица кон Радовиш, во близина на манастирот „Св.Троица“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки,
управувано од С.З.(26) од село Долно Липовиќ, радовишко и товарно возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Г.(63) од Радовиш.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од првото возило Г.К.(43) од с.Дедино, радовишко, констатирани во Здравствен дом Радовиш, известија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.
