УБАВА ВЕСТ: Можност за работа за 200 невработени лица, министерството за економија со нова мерка

200 невработени лица ќе имаат можност за работа во претпријатија што ќе инвестираат во зелени технологии, производи и процеси, државата отвори повик за нова мерка, која е дел од оперативниот план за вработување за 2025 година.

Преку оваа мерка, компаниите од приватниот сектор кои вложуваат во зелени технологии, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност или софтверски решенија, ќе можат да добијат неповратни грантови од 250.000 до 750.000 денари.

,,Со оваа мерка, се овозможува вклучување на 200 невработени лица – активни баратели на работа, кои ќе бидат вработени во микро, мали и средни претпријатија што ќе инвестираат во зелени технологии, производи и процеси.

Финансиската поддршка се доделува во вид на неповратни грантови од 250.000 до 750.000 денари, зависно од бројот на новоотворени работни места:

-250.000 денари за едно ново вработување,

-500.000 денари за две нови вработувања,

-750.000 денари за три нови вработувања.

Стои во соопштението од владата

Преку оваа поддршка, компаниите ќе можат да финансираат набавка на нова опрема и машини, софтвер и лиценци, опрема за обновливи извори на енергија, како и материјали за енергетска ефикасност.

Право на учество имаат микро, мали и средни претпријатија од приватниот сектор кои ги исполнуваат условите предвидени во јавниот повик, со приоритет за компании од секторите: преработувачка индустрија, земјоделство, шумарство и водостопанство, снабдување со вода и управување со отпад, градежништво и транспорт.

Јавниот повик е отворен до 1 септември 2025 година. Заинтересираните работодавачи можат да се пријават во Центрите за вработување секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде