Нов влажен бран доаѓа во Македонија – еве кога започнуваат врнежите

До крајот на неделата ќе преовладува стабилно и топло време со постепен пораст на дневните температури, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во овој период ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Според прогнозата, во сабота и недела времето ќе биде променливо облачно, а ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и изолирана појава на ретки грмежи.

Промена ќе има и во правецот на ветерот – долж Повардарието се очекува умерен, повремено засилен северен ветер.

Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде