Прегазено 12-годишно девојче – пренесено во болница

12-годишно девојче е тешко повредено откако било удрено од млад мопедист. 

Како што известија од полицијата, вчера во 19:30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„Рудничка“ во Кичево,

мопед „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Л.М.(18), удрил во пешак-12-годишна малолетничка, двајцата од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде