Во скопската населба Радишани синоќа се случила тешка сообраќајна несреќа во близина на бензинска пумпа, при што 15-годишно момче со мотор се здобило со сериозни повреди.
Првичните информации укажуваат дека автомобил удрил во моторот кој го управувал малолетникот, по што тој паднал на земја, а моторот бил целосно уништен.
Очевидци сведочат дека повредите биле тешки и веднаш била повикана Брза помош која го пренела детето во болница.
Во моментов нема официјални детали за здравствената состојба на момчето,
но сведоци опишуваат драматична сцена и голема вознемиреност кај присутните.
