МВР трага по возач кој со автомобил удри во девојчиња и побегна од местото на несреќата

Вчера во Скопје, на улицата Васил Ѓорѓов, се случи сообраќајна несреќа помеѓу „фолксваген голф“ и електричен тротинет управуван од 13-годишно девојче.

Возачот на автомобилот по несреќата го напуштил местото на настанот.

Малолетничката се здобила со тешки повреди, додека нејзината 12-годишна сопатничка добила телесни повреди.

Двете се пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Полицијата изврши увид и презема интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде