Тешка сообраќајна несреќа – младо момче итно пренесено во болница

20-годишник со мопед е тешко повреден во судир со возило управувано од повозрасен маж од Кочани. 

Вчера околу 15:30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на кружен тек од ул.„Стево Теодосиевски“, ул.„Маршал Тито“, ул.„Глигор Апостоловски-Гочо“ и ул.„Никола Карев“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа

помеѓу патничко возило „опел“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ј.П.(71) од Кочани и мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од Н.П.(20) од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип, информираа од полицијата. 

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде