Тешка сообраќајна несреќа се случи во американската држава Њујорк. Туристички автобус кој се враќал од Нијагарините водопади кон Њујорк излетал од патот во канал и се превртел.
Во автобусот имало повеќе од 50 патници, а полицијата потврдила дека има повеќе смртни случаи и повредени.
Несреќата се случила на автопатот I-90 во близина на Пембрук, град на околу четириесет километри источно од Бафало.
„Според моменталните информации, има повеќе смртни случаи, заробени во автобусот и повредени“, изјави Џејмс О’Калаган, портпарол на полициската управа на Њујорк.
На местото на несреќата веднаш беа испратени повеќе амбулантни возила и медицински хеликоптери за да ги пренесат повредените до најблиските болници.
Според О’Калахан, повеќето патници биле од индиско, кинеско и филипинско потекло, поради што на местото на несреќата биле повикани преведувачи. Возачот на автобусот ја преживеал несреќата.
